Илјадници луѓе се евакуирани откако вулканот Мајон на Филипините почна да исфрла пепел и отровни гасови. Сеизмолозите соопштија дека во последните 24 часа е забележан најмалку еден земјотрес поради активноста на вулканот.

Филипинската цивилна одбрана соопшти дека повеќе од 12 800 луѓе, главно селани од подножјето на вулканот, биле преместени во центрите за сместување.

Мајон е на околу 330 километри југоисточно од Манила и се смета за еден од најактивните вулкани на Филипините.

Земјотресите и вулканската активност се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, каде што се судираат тектонските плочи.

Прикажи повеќе