Најмалку 36 лица загинаа во шумските пожари кои беснеат на островот Мауи на Хаваите, соопштија тамошните власти, јавуваат светските медиуми.

„Како што продолжуваат напорите за гаснење, денеска се откриени вкупно 36 жртви поради активниот пожар во Лахаин“, се вели во соопштението на локалните власти, пренесува Си-ен-ен.

Историскиот град, како што пренесуваат медиумите и како што се гледа од фотографиите е уништен до темел. Смртоносниот пожар, кој се шири поради силниот ветер, е незапирлив и покрај напорите на пожарникарите и на локалните жители да се справат со стихијата и да ги заштитат своите домови и фирми.

Повеќе од 11 000 луѓе вчера беа принудени да го напуштат островот Мауи, соопшти директорот на одделот за транспрот на Хаваи, Ед Снифен на прес-конференција.

Прикажи повеќе