Бомгартнер: Ја славиме храброста на украинскиот народ и на неговите лидери

Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција, конференција „Украина: Две години хероизам“ ( 26 февруари, 2024 година).

Ова треба да бидат моменти на среќа, но ова не е, ова е тажен момент, две години откако Украина беше нападната неправедно. Војна која предизвика патење, уништување и најразлични видови кривични дела кои што се навреда на човештвото, правдата и кои што не смеат да бидат не казнети.

Веќе две години цел еден народ дава отпор. Овој отпор е за поздрав. Наоѓаат сила и храброст во чувството за правда. Ја славиме храброста на украинскиот народ и на неговите лидери.

Сметаме дека не смееме да дозволиме рускиот режим да победи во оваа војна, мораме да победиме поради самата Украина.