Матео Беретини обезбеди осминафинале на Вимблдон и закажа пресметка со Карлос Алкараз откако во три сета го победи Александер Зверев, со 6-3, 7-6, 7-6.

Беретини одигра извонреден меч во кој не му даде шанса на Зверев да се понадева на нешто повеќе, па во првиот сет во осмиот гем направи брејк за да поведе во мечот, а потоа после сигурни сервиси на двата тенисери во вториот, без шанса за брејк, италијанецот во тајбрејкот врза три поени по ред за да дојде до 3-1, па 5-2 и таа предност ја задржа за да го освои вториот сет со 7-4.

Во последниот сет, повторно двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, овојпат Беретини во осмиот гем имаше четири брејк шанси кои не ги искористи, за потоа во тајбрејкот после по два загубени свои сервиси и 3-3, Беретини направи еден брејк, ги освои двата свои сервиси потоа за 6-3 и кога дојде на ред да сервира од првата шанса победи за конечни 7-5.

Прикажи повеќе