Бајден најави учество на САД во испраќањето хуманитарна помош во Газа од воздух

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека САД „во наредните денови“ ќе им се придружат на земјите-партнери кои доставуваат хуманитарна помош во Газа со испуштање од авиони.

„Во наредните денови ќе им се придружиме на нашите пријатели во операциите за испраќање хуманитарна помош во Газа од авиони“, рече Бајден во Белата куќа за време на средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Бајден го критикуваше Израел поради недоволната количина на хуманитарна помош што влегува во Газа.

„Покрај зголемувањето на испораките по копно, како што реков, ние ќе инсистираме Израел да овозможи повеќе камиони и повеќе рути со цел што повеќе луѓе да ја добијат потребната помош. Нема оправдувања.”

Помошта што пристигнува во Газа не од далеку не е доволна… Невини животи се на коцка, животи на деца се во прашање, истакна Бајден. „Треба да внесуваме стотици камиони, а не само неколку. И јас нема да стојам на страна, нема да се откажеме и… се обидуваме да обезбедиме што е можно поголема помош, истакна американскиот претседател.