Челниците на Арсенал се заинтересирани за играчот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, кој моментално настапува како позајмен во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Advertisements

Челниците на лондонскиот клуб се подготвени да одвојат 30 милиони евра за овој трансфер. Дијаз (23) сезонава за Милан одигра 31 натпревар и постигна пет гола.

Во Реал пристигна во 2019 година од Манчестер Цити, а потоа во 2020 година беше испратен на позајмица во Милан. Договорот за позајмица на шпанскиот фудбалер со италијанскиот клуб истекува на 30 јуни оваа година. Тој има договор со Реал до 2025 година. Дијаз ги помина сите младински селекции на Шпанија, а одигра и еден натпревар за репрезентацијата на „црвената фурија“.

Прикажи повеќе