Интер Мајами се обидува да го опкружи со познати поранешни соиграчи на Лео Меси, а откако во клубот од МЛС лигата веќе пристигнаа Серхио Бускетс и Жорди Алба, се работи на уште два можни трансфери. Веќе е познато дека Луис Суарез е желба на клубот, а се чини дека и Андрес Иниеста ќе пристигне на Флорида.

Легендата на Барселона, сега има 39 години, играше за јапонскиот Висел Кобе од 2018 до 2023 година, а и покрај возраста, сѐ уште е доволно квалитетен за да ја продолжи кариерата. Тој ги договорил условите за доаѓање во Интер Мајами.

Иниеста со години играше со Меси, Бускетс и Жодри Алба, па нема да му биде тешко да се вклопи и во новиот тим на Интер Мајами.

Прикажи повеќе