Администрацијата на Бајден планира да ги повика Американците да добијат дополнителна доза од вакцината против „Ковид-19“ оваа есен, со цел да се спротивстави на новиот бран инфекции, изјави претставник на Белата куќа.

Официјалниот претставник рече дека Центрите за контрола и превенција на болести известуваат за зголемување на инфекциите и примени во болници поради ширењето на коронавирусот, но додаде дека вкупниот број на заразени е се уште низок.

Во четвртокот, „Модерна“ соопшти дека првичните податоци покажуваат оти нејзината нова вакцина против Ковид-19 е ефикасна против подваријантите на вирусите „Ерис“ и „Форнакс“ кај заразените лица.

Модерна (Moderna), Новавакс (Novavax), Фајзер (Phizer) и германскиот партнер Бионтек СЕ (BioNTech SE“ создадоа верзии на нивните вакцини насочени кон подваријантата XBB.1.5.

Во очекување на одобрение од здравствените регулатори во САД и Европа, компаниите очекуваат новите верзии на вакцината да бидат достапни во наредните недели за есенската сезона на вакцинација.

Прикажи повеќе