
„Бевме шокирани кога дознавме за несреќата на „China Istern MU5735“, рече Си, повикувајќи на „максимални напори“ да се спаси и да се открие „што е можно поскоро причината за несреќата“, објави државната телевизија CNC.
Патнички авион со 123 патници и девет членови на екипажот се урна денеска во јужна Кина, предизвикувајќи голем пожар. Засега ништо не се знае за жртвите. Спасувачките операции се во тек, а причината за падот на авионот не е позната.