
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Црна Гора во 04:06 часот по локално време, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC)
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 76 километри северозападно од Подгорица и на 32 километри северозападно од Никшиќ.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Инаку, земјотресот во Црна Гора е почувствуван и во делови од Македонија.