Пристигнувањето на западните ракетни системи со краток дострел во Украина ги донесе првите ефекти на бојното поле, особено во водите на Црното Море. Според разузнавачки извори, повеќето бродови на руската флота во тој регион се повлечени на повеќе од 100 километри од украинскиот брег на безбедно растојание од дострелот на ракетите Харпун од Данска и М-270 од Велика Британија, кои можат да погодат цели до 80 километри, но и дронови.
Advertisements
Во меѓувреме, актуелно најжестоката копнена битка во Украина е онаа што се случува во Донбас, за преземање на стратешкиот град Северодоњецк. Состојбата се менува од час во час, при што Русите успеваат да заземат добар дел од центарот, но потоа се повлекуваат поради украинските контранапади.
„Тие се повеќе на број, посилни се, но ние можеме да се бориме. Жестоките борби од куќа до куќа и неселективното бомбардирање од страна на руската војска ги претворија Северодоњецк и Лисичанск во мртви градови“, рече Зеленски.
Зеленски алармираше дека состојбата станува лоша во Запорожје, град кој руските воени сили се обидуваат да го контролираат и покрај борбите во Донбас.
„Во Запорожје ситуацијата е загрозувачка. Дел од овој регион е под опсада, додека непријателот сака јавно или не, од она што го разбравме од прислушувањето, да го окупира градот Запорожје“, додаде Зеленски.
Преземањето на Запорожје би ѝ овозможило на руската армија полесно да стигне до центарот на Украина. Регионот кој веќе е под контрола на Русија, е еден од најголемите индустриски области во Украина, каде што се наоѓа и најголемата нуклеарна централа во Европа.
Алсат