Челниците на ПСЖ одбиле уште една понуда од Саудиска Арабија за Марко Верати.
Италијанскиот репрезентативец ќе остане во Париз, откако успеа да најде заеднички јазик со тренерот Луис Енрике.
Ал Хилал има голема желба да го донесе Верати, но клубот од Париз ја одби и втората понуда од 45 милиони. „Лекип“ пишува дека Верати може да замине само под услов Ал Хилал плати 70 милиони евра за неговиот трансфер.