Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа Коњиќ, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон се искачи на 21. Операцијата за спасување е во тек.
Покрај 21 загинат во оваа област, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите, пренесува Н1.
Откако ќе заврши извлекувањето на телото, ќе следи идентификација, изјави за Н1 градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ.
Се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, а по едно во Коњиќ.
Текстот Пронајдено телото на уште една жртва од поплавите во БиХ, операцијата за извлекување е во тек е превземен од МАКФАКС.