Пејачката Северина ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со објава што зрачи со носталгија и топлина, споделувајќи личен албум од нејзиниот летен одмор на живописниот остров Врник.
Преку серија црно-бели видеа и фотографии во боја, таа прикажа идилични моменти поминати со семејството и пријателите, далеку од центарот на вниманието и медиумската врева.
„Ова не е албум што е заборавен; ова е лето што нема да се заборави… со моите најблиски“, напиша Северина во описот.
Снимките и фотографиите се менуваат меѓу сцени на релаксација покрај море, возење џет-ски и нуркање во кристално чиста вода, како и емотивни моменти – како што е прегратката со нејзиниот син – кои следбениците ги коментираа со посебен ентузијазам.
„Леле, како само трча во твоите прегратки“ и „Прегратка меѓу мајка и син“ се само дел од коментарите што сведочат за тоа колку длабоко оваа објава ја трогна нејзината публика.
Северина исто така привлече посебно внимание со фотографии во бикини, на кои позираше самоуверено и ја покажа фигурата за која многумина сонуваат. Пејачката носеше бикини со сино-кафеави пруги што ја истакнуваа нејзината витка линија. Својот летен изглед го надополни со очила за сонце и сламен шешир.
Текстот (Фото) Северина покажа сензационална фигура во бикини на која многумина ѝ завидуваат: „Ова е лето што нема да се заборави“ е превземен од МАКФАКС.


















