Почина ученичка, која се лекуваше на Детската клиника во Белград, откако беше ранета при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, потврдија од Министерството за здравство, пренесе РТС.
Како што соопшти Министерството за здравство на Србија, пациентката која била лекувана на Универзитетската детска клиника со сериозни повреди на главата опасни по живот, починала утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување.
Девојчето беше тешко повредено во вооружен напад од ученик во основно училиште во Белград на 3 мај.
Тогаш во вооружен напад на 13-годишно момче, загинаа осум ученици и еден чувар.
Девојчето е десеттата жртва.