Има многу луѓе кои се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Нашата влада нема да подлегне на вакви лесни провокации, кои се обидуваат да се случат од двете страни. Имаме една заедничка цел – Северна Македонија да биде европска земја, добар сосед. Заедно можеме да создадеме економски раст и сите овие националистички повици и провокации само треба да ги игнорираме за да одиме напред, вели бугарскиот премиер Кирил Петков.
Advertisements
Според него, гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, кој оценува дека за Северна Македонија ќе трае најмалку 10 години.
-Гаранцијата за правата на Бугарите во Република Северна Македонија може да се обезбеди и преку европскиот процес. Впрочем, ако ги ставиме во европскиот договор на Република Северна Македонија, веќе нема само Бугарија да ги брани овие права, туку договорот со Европската унија ќе го гарантира ова право. Значи, укинувањето на ветото, како што сите велат – дали да се укине или не, е погрешен начин на размислување. Тука мора да кажеме – Северна Македонија ќе биде во Европската унија најрано после 10 години, рекол Петков.