Монотоната беж боја заменете ја за некоја посилна боја или комбинирајте го со облека во похрабри бои – идеи како да го освежите изгледот со класичниот есенски мантил и да не бидете како во униформа со сите.
Добро познатиот мантил „trench coat“ е едно од најпопуларните есенски парчиња и штом залади сите се како во униформа во беж боја.
Но, ако не сакате да изгледате здодевно, како сите останати, а сепак ви се допаѓа да го имате на вас, имаме неколку предлози.
Идеи како да го освежите изгледот со есенскиот мантил:
- Беж нијансите заменете ги со похрабри – црна или друга силна боја
- Дополнете го изгледот со елегантна марама, шал или сличен додаток
- Светлиот мантил комбинирајте го со облека во живи бои
- Одберете неутрална боја, но наместо беж, може маслинеста, сива и слично
Прикажи повеќе