Медиумите, банките и компаниите ширум светот се соочија со технички прекини и проблеми во своето функционирање.
Компанијата Мајкрософт соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите пријавени од корисниците, а истражува прашања поврзани со обезбедувањето на клауд услугите во САД, како и проблем што влијаат на неколку нејзини апликации и услуги.
„Нашите ИТ тимови активно истражуваат за да ја утврдат основната причина за проблемот. Не можеме да пристапиме до дијаграмите на возачите на одредени локации, што доведува до потенцијални откажувања со ненавремени известувања. Дополнително, други клучни системи, вклучувајќи ги и нашите платформи за информации за клиентите во реално време, исто така се погодени. Ќе обезбедиме дополнителни ажурирања кога ќе можеме. Во меѓувреме, ве молиме редовно проверувајте го вашето патување пред да патувате“, известија од Мајкрософт.
Сепак вината, според експертите со кои разговараше ЦИВИЛ Медиа, вината не е во Мајкрософт.
„CrowdStrike објави ажурирање со Microsoft што ги става компјутерите и серверите во Boot Loop, што значи дека не може да се подигне, катастрофална грешка која најверојатно се должи на недоволно тестирање пред објавување на ажурирањето, преработка и аутсорсинг на клучните позиции за тестирање на несоодветни пазари’, објасни ИТ експертот со кој контактираше ЦИВИЛ Медиа.
Ванчо Орданоски, ИТ професионалец, вели дека грешката е на CrowdStrike при конфигурација на софтверот Фалкон, кој предизивикува замрзнување на Windows -от.
„Мајкрософт не е виновен овој пат за овој проблем иако имаше инцидент неговата Azure платформа ама не поврзано со ова што се случува сега. CrowdStrike водечка компанија за EDR (Endpoint Detection and Response) решенија, софтвер кој стои на влезните точки на кмпаниските мрежи без оглед дали се телeфони., интернет и други, а служи за рано откривање на проблеми.
Имале грешка во нивниот софтвер кој му прави проблем на Microsoft Windows. Грешка при конфигурација на Фалкон, софтер на CrowdStrike. Млаку иронично баш компнаnијата што треба ги заштити од катастрофи iим предизвика катастрофа. Секоја компанија треба да има предвидени решенија, процедури во случај на вакви грешки, срамота е да немаат начини брзо да ги решат. Во моментот, акциите им се паднати за 20%“, вели Орданоски.
Орданоски, додаде дека, на пример, ние во Македонија немаме институција која ќе се бави со интернет закани и со вакви технолошки случувања. Ниту пак компаниите имаат некој да ги поучи за било какво катастрофично сценарио..
Денеска по ова прашање се произнесе и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции. Тој додаде дека се формира работна група со стручни лица кои ќе работат на изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита.
Во Австралија, голем број банки, медиуми и авиокомпании известија дека се изложени на масовен ИТ напад и нарушување на комуникациите. На аеродромот во Сиднеј откажани се летови, во супермаркетите е хаос, а нарушени се и програмите на ТВ мрежите поради дефект на компјутерските системи и графиката.
Само неколку часа пред Австралија, неколку американски авиокомпании исто така пријавиле дека морале да ги откажат или одложат летовите поради проблеми со ИТ-врските. Телстра и Гугл, исто така, регистрираа тешкотии. Проблеми се појавија и со летовите на аеродромите во Берлин, Шпанија, и со сите летови на американските компании, меѓу кои и Делта јунајтед и Американ ерлајнс.
Биљана Јордановска