реклама

Видео на кое се гледа реакцијата на тројца фризери откако дознале дека нивната клиентка си ја крати косата поради хемотерапија го преплави интернетот.

Видеото е прегледано речиси 16 милиони пати на Твитер и собра речиси 200.000 лајкови.

реклама

На видеото можете да видите како млад фризер со машинка ја отстранува целата коса на една постара госпоѓа додека таа има тажен израз на лицето, а потоа сам ја крати и својата коса од главата. После тоа му приоѓаат колегите кои исто така ги шиша на нула.

„Прекрасни млади момци. Плачев“, „Инспиративно. Вакво сочувство е реткост овие денови“, „Сè уште има хуманост на овој свет“, „Буквално плачам“, „Најдобра објава на Твитер“, се само дел од коментарите .

реклама