Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша денеска не се појави на судската седница за пасивна корупција, за случајот со комплексот „Партизан“. Бериша рече дека не се појавува бидејќи не се почитува Уставот. Бериша рече дека обвиненијата се „масло“ на Рама и СПАК. Бериша вели дека за секој квадратен метар имот на неговиот зет има легитимен и транспарентен документ.
„Прво беше сопственик на земјиште, имаше парцела на неговата земја, потоа купи парцели од неговите братучеди. Второ, инвестираше од почеток, има официјални документи, 60 милиони Леки, но сето тоа го кријат. Трето, има стотици документи дека како што продаваат повеќе градежници, и тој ги ги продал и за секој квадрат има документ, но овие клеветници платија за да се замати случајот…“, рече Бериша.
Јамамбер Малтези е обвинет за корупција и за перење на пари при приватизацијата на поранешниот спортски клуб Партизан, во што според специјалното обвинителство, помогнал и екс премиерот Бериша.
Судската полиција почнаа да го запленува имотот на зетот – кој има 16 имоти, банкарски сметки во евра, долари и леки. Вкупно се запленети околу 250 илјади евра, 29 илјади долари и 2,7 милиони леки.
Алсат