Манчестер Сити игра во неверојатна форма оваа сезона. „Граѓаните“ го добија последниот дерби натпревар со 4:1 против Арсенал и се во најдобра позиција да ја задржат титулата во Премиерлигата. Сепак, Рио Фердинанд тврди дека тимот на Манчестер Јунајтед од 2008 година, во кој беа играчи како Кристијано Роналдо и Вејн Руни, ќе надвладееше над овој славен тим на Манчестер Сити.
„Toa би биле навистина тешки. Овој тим на Гвардиола со Халанд и со Де Брујне е силен, но мислам дека нашиот Манчестер Јунајтед од тоа време би ги победил со 3:1“, истакна поранешниот дефанзивец, кој сега е аналитичар на „БТ Спортс“.
На прашањето дали би успеал да го држи под контрола Ерлинг Халанд, Фердинанд погледна во џебот и се пошегува: „Тој ќе биде таму некаде“. Потоа сепак, продолжи сериозно.
„Тие се застрашувачки тим и не можете да го негирате тоа“./Makfax/