Непосредно пред првиот натпревар во полуфиналето на Реал Мадрид и Манчестер Сити, една од ѕвездите на „кралевите“ имаше незгодно искуство.
Имено, во текот на неделната вечер во домот на крилниот напаѓач Родриго упаднале крадци. „Кадена СЕР“ не откри што точно е украдено, ниту пак дали вредноста е висока, туку само се напомена на овој податок како незгода пред еден од клучните дуели сезонава.
Родриго по враќањето од Севиља и финалето на Купот на кралот затекнал обиена врата, а неколку соби му биле растурени во обид да се пронајде нешто вредно. Во претходниот период слично искуство имаа и Дани Карвахал и Карим Бензема.
Инаку, Реал се подготвува за натпреварот со Манчестер Сити кој е на програмата во вторник во 21:00 часот.