Кошаркарите на Мајaми Хит го декласираа Бостон Селтикс со 128:102, во третиот финален меч, во Источната конференција. Екипата од Флорида во серијата води со 3:0. Мајами до победата го предводеа Гејб Винсент со 29 и Данкан Робинсон со 22 поени. Во победата придонесоа Кејлеб Мартин со 18 поени, Џими Батлер со 16 поени, осум скока, шест асистенции и две украдени топки и Бем Адебајо со 13 поени.
Серијата се игра на четири победи, а Мајами првата шанса за пласман во големото финале ќе ја има ноќта меѓу вторник и среда, кога се игра четвртиот натпревар. Ниту еден тим во историјата на НБА кој победил на првите три натпревари во серија од четири победи не го загубил тоа водство.
Во финалето на Западот, Денвер води со 3:0 против Лос Анџелес Лејкерс. Четвртиот натпревар се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник.