Голгетерот на Наполи, Виктор Осимен, е приоритетна трансферна цел на Пари Сен Жермен за следната сезона. Парижаните размислуваат да се борат за потписот на Нигериецот со Баерн Минхен.
Наполи нема одредено конкретна сума која ќе ја побара за Осимен, но сигурно претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис нема да го продаде за помалку од 100 милиони евра. Понуди би можеле да стигнат и од Англија, бидејќи и Челси и Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата околу 24-годишниот напаѓач.
Осимен играше во Франција во сезоната 2019/20 кога постигна 18 гола во дресот на Лил во сите натпреварувања. Следуваше трансфер во Наполи за 70 милиони евра и оттогаш Нигериецот е во фокусот на вниманието.
Во актуелната сезона тој има вкупно 25 гола за „партенопеите“, а тимот самоуверено чекори кон титулата во Серија А./Makfax/