Британска двојка пронашла повеќе од 260 стари златници сокриени под подот на кујната и ги продала на наддавање за 754.000 фунти, објавија британските медиуми.

Колекцијата била сместена во тенџере под даските на куќата од 18 век, што сега ѝ припаѓа на неименуваната двојка, во Елерби, Источен Јоркшир, Англија. Златниците датираат од 1610 до 1727 година, и се пронајдени пред три години. Тие првично му припаѓале на семејството Фернли-Мајстерс од градот Хал.

Семејството било познато по увоз и извоз на дрва, железна руда и јаглен, а некои членови подоцна служеле и како пратеници во Парламентот, раните 1700-ти. Џозеф Фернли и Сара Мајстер се венчале 1694 година и живееле во село во Источен Јоркшир. Парите парот ги собирал за време на бракот. Џозеф умрел во 1725, на 77-годишна возраст, додека Сара починала на 81-годишна возраст во 1745 година. „Семејната лоза“ набрзо згаснала…

Аукционерите „Спинк енд сан“ (Spink & Son), кои ги продадоа златниците, ја нарекоа конечната продажна цена „апсолутно извонредна“, при што колекцијата првично е проценета на 200.000 до 250.000 фунти