Дистрибуцијата на 200 милиони дози од вакцината против Ковид-19, која ја развија американската компанија Фајзер и германската БиоНТек, ќе заврши за земјите во ЕУ до септември 2021 година, а во тек се преговори за дополнителни 100 милиони дози, потврди денеска Европската комисија.
– Распределбата на сите 200 милиони дози треба да заврши до септември 2021 година, соопшти портпарол на ЕК.
Во соопштението се наведува дека во тек се преговори за испорака на дополнителни 100 милиони дози, кои не се прецизирани според постоечкиот договор на ЕУ, склучен со двете компании.
Претходно, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен потврди дека првите испораки на вакцината против коронавирусот се пристигнати во сите земји членки на ЕУ и вчера официјално почна вакцинацијата во Унијата.