Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да ја осуди руската „терористичка држава“ по откривањето на масовнaта гробница во Изјум.
Во своето ноќно видео обраќање на 16 септември, Зеленски порача дека Русија треба да биде казнета со построги санкции.
„Веќе има јасни докази за тортура, понижувачки однос кон луѓето. Покрај тоа, постојат докази дека руски војници, чии позиции не биле далеку од ова место, пукале во закопаните само за забава“, рече тој.
Зеленски ги спореди откритијата направени во Изјум оваа недела со масакрот во Буча во пролетта и го повтори својот повик за формирање меѓународен суд кој ќе ја повика Русија одговорна за нејзините злосторства во Украина.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку 440 тела биле пронајдени на локацијата во Изјум.
Официјална Москва досега не се огласи за масовната гробница во Изјум, местото кое беше упориште на руската војска на фронтот, пред да биде ослободен од украинските сили./slobodnaevropa/