Шефот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валери Герасимов денеска изјави дела Министерство за одбрана упати покана до странските војски да учествуваат во заедничките стратешки воени вежби на руската и на белоруската армија што се насловени „Запад 2021“.
– Заедничките стратешки вежби на руските и на белоруските вооружени сили „Запад 2021“ ќе бидат клучен настан за обука на вооружените сили. Воените контингенти на странските држави традиционално ќе бидат повикани да присуствуваат, посочи Герасимов.
Тој потсети дека на вежбата „Кавказ 2020“ оваа година учествувале пет воени контингенти на странски држави.
– Воената вежба не вклучуваше никакви акции против која било земја, туку нивното сценарио беше исклучително одбранбено, посочи Герасимов.