Рафаел Надал, кој моментално е бр. 8 на АТП-листата, следниот понеделник би можел да испадне од Топ 10. Ова ќе се случи ако следните услови се исполнети истовремено: Деветтопласираниот Феликс Оже-Алиасим ќе стигне до полуфиналето во Дубаи; десеттиот на АТП ранг-листата Холгер Рун стигне до полуфиналето во Акапулко; 11-от Хуберт Хуркач стигне до финалето во Дубаи.
Ако еден од овие услови не се исполни, а Надал го пропушти Мастерсот во Индијан Велс, тој и онака најверојатно ќе испадне од топ 10, бидејќи 600 поени од ланското финале нема д аги одбрани.
Шпанецот ниту еднаш не испаднал од топ 10 откако го имаше своето деби таму на 25 април 2005 година.