Германската канцеларка, Ангела Меркел има забелешка на блокирањето на налозите на социјалните мрежи на претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп. Според неа, правилата дали некој ја злоупотребува слободата на говорот треба да ги определува правосудството, а не приватните компании.
„Канцеларката комплетното блокирање на профилот на избран претседател е проблематично“, изјавил Штефан Зајберт, прв портпарол на канцеларката Меркел.
– Advertisement –
На иста линија со неа е и францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер, кој истакнал дека државата, а не „дигиталната олигархија“ е одговорна за правната регулатива, додавајќи дека големите технолошки компании се “една од заканите за слободата на говорот“.
Извор: Bloomberg