„WhatsApp“ ги одложува новите планови за приватност на корисниците по масовните реакции од јавноста, пишува „Си-Ен-Ен“.

Минатиот месец, „WhatsApp“ започна да ги известува своите корисници за нови правила за користење и политика за приватност на податоците, за кои луѓето мораа да се согласат доколку сакаат да продолжат да ја користат апликацијата по 8 февруари.

Но, еден дел од оваа идеја на компанијата предизвика загриженост кај корисниците околу приватноста и заштитата на нивните податоци. Ова придонесе корисниците масовно да си најдат замена за „WhatsApp“ и да преминат кон други конкурентски апликации како „Signal“.

Но, сега од компанијата „WhatsApp“ велат дека ажурирањето се одложува до 15 мај.

profimedia
Profimedia

Свесни сме дека многу луѓе се збунија од нашето неодамнешно известување. Имаше многу дезинформации што предизвикаа дополнителна загриженост и сакаме да им помогнеме на сите да ги разберат нашите принципи и факти“, изјавија од компанијата во петокот, објавувајќи го новиот датум.

Политиката за приватност на податоци на „WhatsApp“ вели дека инфомрациите што ги собира од корисниците може да бидат споделени со други компании на „Facebook“ за да „помогнат во работењето, поддршката и пласманот на услуги на „WhatsApp“ и понудите на другите компании“.

Во петокот, од компанијата истакнаа дека нивната платформа има „end-to-end“ енкрипција, што значи дека од „Facebook“ не можат да ги видат приватните пораки на корисниците. Исто така, тие тврдат дека апликацијата не води евиденција за тоа дали и кои корисници ја користат опцијата за повикување или испраќање пораки.

unsplash

Тие велат дека не може да се види доколку корисникот сподели локација и дека не се споделуваат контактите на корисникот со „Facebook“.

Последен пат „WhatsApp“ слична промена во политиката за приватност на глобално ниво се случи во 2016 година. Тогаш, тие им понудија можност на корисниците да се откажат од споделување податоци со „Facebook“. Но, во ова последно ажурирање, таа опција веќе не е достапна. Тоа значи дека оние кои ја исклучиле таа опција во 2016 година, нема да бидат погодени од новите промени.

Twitter
Twitter

Ажурирањето не ги менува практиките на споделување податоци на „WhatsApp“ со „Facebook“ и не влијае на тоа како луѓето комуницираат приватно со пријателите или семејството каде и да се светот“, изјави портпаролот на „WhatsApp“ претходно оваа недела.

Тој воедно истакна и дека компанијата останува „длабоко посветена на заштитата на приватноста на луѓето“.