WhatsApp продолжува да работи на развој на својата апликација, а новитетот што доаѓа ќе ги ослободи корисниците од некои непријатности.

WhatsApp претходно најави дека бројот на членови на групниот чет ќе се зголеми на 512, најавени се реакции на пораки и пренос на поголеми датотеки, а сега фокусот е јасно на дискреција.

Веста што WhatsApp моментално ја тестира е укинувањето на известувањето за напуштање на групата. Во иднина известувањето ќе го добиваат само администраторите, а не сите членови на групата.

Многумина ќе признаат дека сакаат да заминат од одредени групи, но тоа не го прават бидејќи секој член од групата ќе го забележи тоа што резултира со нервоза. Сепак, новото ажурирање на апликацијата ќе ја олесни таа ситуација.

Се уште не се знае точно кога ќе пристигне на која платформа првпат ќе се појави, iOS или Android, но секако ќе биде олеснување.