Вработените на Клиничката болница „Жан Митрев“, предводени од д-р Митрев заедно со медицинскиот и немедицинскиот персонал доброволно даруваа крв и испратија порака за хуманост и подигнување на свесноста за потребата од дарување на течноста што живот значи. Доброволната крводарителска акција беше реализирана во организација на Институтот за трансфузиона медицина Blood Bank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Македонија.
Во доброволната акција еднакво се вклучија и членовите на потесните семејства на вработените и се солидаризираа и тие доброволно даруваа крв.
Крводарителската акција се спроведува редовно и премина во традиција која ја поддржуваат и се вклучуваат сите вработени. Се организира согласно потпишаниот меморандум за соработка за крводарителство со Институтот за трансфузиона медицина „Blood bank – TENK“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.