Алина Хаба, 42-годишна виш советник во Министерството за правда на САД и поранешна адвокатка на Доналд Трамп, стапи во брак по третпат. Во саботата, на 26 септември, таа се омажи за 29-годишниот турски претприемач Турхан Милдон во Њујорк.
Милдон е извршен директор на „Милер Холдинг“ (Miller Holding) и потпретседател на турскиот фудбалски клуб „Чорум ФК“ (Çorum FK). Tој лично ја потврди веста за свадбата за турските медиуми.
Сè уште не е познато дали Доналд Трамп присуствувал на свадбата на својата поранешна адвокатка. Според извештаите на странските медиуми, неговиот официјален распоред за саботата вклучувал присуство на натпревар во колеџ-фудбал помеѓу Тенеси и Тексас во Ноксвил.
По свадбата, Хаба се огласи и на Инстаграм, каде што сподели неколку фотографии и прикажа дел од атмосферата на прославата.
Хаба се разведе од својот втор сопруг, претприемачот Грег Рубен, претходно оваа година по речиси пет години брак. Пред него, таа беше во брак со адвокатот Метју Ајет, со кого има две деца. Ова е втор брак на Милдон. Тој се разведе од својата прва сопруга во 2024 година.
Во јули, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му врачи признание на Милдон на Бизнис и економскиот форум Турција-Африка.
Текстот Поранешната адвокатка на Трамп (42) се омажи за турски милијардер помлад од неа 13 години е превземен од МАКФАКС.























