
Во земјотресот што денеска ја потресе југоисточна Турција загина најмалку едно лице, а 110 се повредени, соопштија турските власти. Во потресот се урнаа и околу 30 згради. Европскиот-медитерански сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а на длабочина од пет километри. Изминатите три недели овој регион го погодија 45 потреси со јачина меѓу 5 и 6 степени.