Дополнителни 5 или 10 евра, им се бараат на гостите во кафеаните во Виена, ако седнат на терасите кои се греат со греалки, пишува Вечерњи лист.

„Ако тоа не ви одговара, можете да влезете во ресторанот, каде што е топло“, им рекла сопственичката на оние гостите кои реагирале, за кои вели дека ги нема многу и дека реакциите на гостите се прилично позитивни. Како и сите други, и многу австриски ресторани се соочени со намалани приходи поради експлозијата на трошоците за струја и гас.

Ако седнете на мала маса за четворица, тоа чини 5 евра, а за двојно повеќе, 10 евра, пишува таблоидот „Хојте“. Многу гости сега одат само на тераса за да пијат аперитив, а потоа продолжуваат да јадат и пијат во ресторанот, велат угостителите.

Прикажи повеќе