На претстојниот самит на НАТО во Вилнус, Литванија, лидерите на земјите членки на воената алијанса ќе разгледуваат кандидатури за новиот генерален секретар на НАТО, изјави амбасадорката на САД во НАТО Џулијана Смит. Самитот на НАТО е закажан за во јули, a мандатот на Јенс Столтенберг завршува на 30 септември, откако лани во март беше поддржанa идејата на претседателот на САД, Џо Бајден, за продолжување на неговото успешно лидерство, а поради тоа што Русија започна војна во Украина.