Повеќе од 700.000 жители на Москва се вакцинирани против вирусот корона, изјави заменик-градоначалникот на руската престолнина Анастасија Ракова. Во меѓувреме, пад на бројот на луѓе кои страдаат од овој вирус е забележлив во цела Русија.

„Од почетокот на кампањата, ние вакцинираме 10-15.000 луѓе секој ден“, изјави Ракова за телевизијата „Русија 24“.

– Advertisement –

Таа рече дека граѓаните имаат повеќе опции да го изберат местото на вакцинација: поликлиники – 100 пунктови отворени секој ден, приватни медицински установи – сите добиле бесплатни вакцини, пунктови се отворени и во трговски центри итн.

Таа додаде дека Москва е подготвена за секаков развој на ситуацијата со вирусот корона, нагласувајќи дека досега еден милион жители на руската престолнина оздравеле од ковид 19.

Прикажи повеќе