Воспитувањето дете никогаш не е лесно, особено ако станувате родители за прв пат. Покрај тоа што доаѓањето на новороденче го менува целиот ваш живот од темел, тоа влијае и на односот помеѓу вас и вашиот партнер. Истото го потврди и неодамнешното истражување на Channel Mum и The Baby Show, чии резултати покажуваат дека младите родители имаат дури 2.500 тепачки во текот на првата година од животот на нивното дете.

Истражувањето во кое учествувале 2.000 родители покажало дека најчестите расправии меѓу младите родители се околу тоа кој е поуморен, кој ќе биде „дежурен“ со бебето следната вечер, а 16 отсто од паровите се судираат и поради недостаток на сексуални односи.

Исто така, 17 отсто од родителите веруваат дека во првата година од животот на своето дете чувствуваат недостаток на љубов од партнерот, а 12 отсто од нив изјавиле дека до расправија доаѓа откако еден од партнерите ќе се обиде да иницира сексуални односи.

Остатокот од кавгите главно се сведуваат на неможноста да се координираат домашните обврски и грижата за детето, кои меѓу другото вклучуваат хранење, пресоблекување, нагаѓања за тоа колку детето треба да јаде и слични работи кои ги загрижуваат повеќето родители на многу почеток.

Што велат експертите?

Иако најчесто се работи за кавги кои брзо се решаваат и не претставуваат поголеми проблеми за паровите, во пет проценти од нив сепак доведуваат до сериозно оштетување на врската, односно до развод.

„Навистина е тажно да се види колку парови раскинуваат во првите 12 месеци од родителството, што првенствено треба да биде еден од највозбудливите периоди во нивниот живот. Иако е прекрасен период, несомнено е дека е и исклучително стресен период кој носи промени во начинот на спиење, рутините и обврските, но на некој начин и навикнување на трето лице во куќата на кое му е потребна вашата постојана грижа и внимание“, објаснува Zoë. Bonser, водител на The Baby Show.