
Финската премиерка Сана Марин денеска даде, како што рече, „брутално искрена“ проценка за можностите на Европа околу руската војна против Украина, наведувајќи отворено: „не сме доволно силни сами да и се спротивставиме на Москва“. При посетата на Австралија, лидерот на претстојната членка на НАТО рече дека инвазијата и окупацијата на Владимир Путин на соседна Украина ги изложи и европските слабости и стратешките грешки во справувањето со Русија.
Финската премиерка предупреди дека руската победа над Украина ќе ги зајакне другите агресори и ги повика демократските земји да не формираат „критични зависности“ од авторитарни држави како Кина. Марин зборуваше во Сиднеј на крајот од првата посета на финскиот премиер на Австралија и Нов Зеланд.