Кина ја намали старосната граница за кривична одговорност за тешки дела од 14 на 12 години во обид да го намали малолетничкиот криминал.
Амандманот што вчера го усвои Поостојанииот комитет на секинескиот народен конгрес, највисокото законодавно тело во Кина, ќе стапи во сила на 1 март.
Помладите од 14 години кои ќе сторат кривично дело, а не се спомнати во изменетиот закон, ќе бидат иземени од кривична казна, но ќе бидат испратени во поправни домови.
Сега во Кина старосната граница за кривична одговорност е 16 години, додека тинејџерите од 14 до 16 години кривично можат да одговараат за тешки кривични дела како силување, грабеж и намерни убиства.
Измената на Законот уследи по порастот на кривични дела извршени од малолетници во периодот од 2018 до 2019 година. Во еден случај 13-годишно момче во кинескиот северен град Далијан беше сместен во поправен дом откако беше прогласен за виновен за убиство на 10-годишно девојче во 2019 година, што доведе до покренување на иницијатива за законски аманднмани и поостри казни за малолетниците.