Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 394 нови случаи на ковид-19, па вкупниот број на активни случаи во земјата сега изнесува 2.893. Меѓу нив има 770 пациенти на болничко лекување од кои 65 се приклучени на респираторни машини.

Првиот случај на ковид-19 во Хрватска беше регистриран на 25 февруари лани и од тогаш се евидентирани 243.458 инфицирани лица од кои починаа 5.548, како оздравени се запишани 235.017.

Во самоизолација моментно се наоѓаат 13.382 лица. Досега се тестирани вкупно 1.354.191 милиони лица, а само во последните 24 часа – 7.245.