Полицијата во Грачаница во БиХ истражува дали група момчиња силувале врсници. Имено, во јавноста се појави информација дека силување на момче е снимено со мобилен телефон и објавено на социјалната мрежа ТикТок.

Advertisements

Од полицијата во изјава за Независне новине не можат да потврдат дали станува збор за силување, но изјавиле дека е снимен „инцидент“ и дека истрагата е чувствителна поради заштита на малолетници.

На прашањето дали во полиција е пријавен случајот со наводното силување на момче извршено од неколку врсници во приватен објект во Грачаница, полицијата одговорила дека службеници на полициската управа на МУП Тузла во соработка со Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон ги презема неопходните мерки и дејствија во врска со инцидентот пријавен во ноември во Полициската станица Грачаница.

Она што неофицијално се дознава и што не е потврдено од надлежните институции е дека се работи за деца на возраст од девет или десет години и дека настанот се случил во селско училиште, а од друга страна има информации дека настанот се случил во приватен објект.

Наводно, три момчиња силувале свои врсници со предмети.

Се споменува уште еден случај на силувана девојка, за кој не може да се дознае ништо официјално., пишува Независне.

Прикажи повеќе