Полска е шокирана по трагичната автобуска несреќа во Хрватска. Кај Вараждин животот го загубија 12 патници кои оделе на аџилак во градот Меѓугорје во Босна, а најмалку 34 се повредени. Сите патници биле Полјаци. Во 5 часот и 40 минути автобусот од засега непознати причини завршил во ендек покрај коловозот.

Advertisements

На лице место загинале 11 лица, а еден патник починал подоцна поради тешките повреди. Како што пренесуваат хрватските медиуми, на теренот брзо пристигнале припадници на полицијата, медицински тимови и пожарникари, како и членови на хрватската и полската влада.

„Според информациите што ги добиваме од персоналот на болницата, има многу патници со многу сериозни трауми, па затоа мора да го земеме предвид и ова. Сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до семејствата на пријателскиот полски народ. Правиме и ќе направиме сè да се грижиме за оние кои се во тешка состојба во хрватските болници. Се координираме со полскиот конзулат“, рече Давор Божиновиќ, министер за внатрешни работи на Хрватска.

И претседателот на Полска, Анджеј Дуда изрази сочувство до семејствата на загинатите и увери дека властите прават сè за да им помогнат на повредените и на преживеаните патници./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе