Министерот во Владата на Велика Британија, Гавин Вилијамсон објави дека поднесува оставка од функцијата во новата конзервативна влада бидејќи е обвинет за „неморално“ однесување и испраќање недолични пораки до пратениците и поранешните колеги.

Advertisements

„Како што знаете, постои тековен процес на жалба во врска со пораките што ги испратив. Упатени се и други обвинувања“ и „тие стануваат пречка за добрата работа на оваа влада“,напиша Вил ијамсон, државен министер без ресор, во писмото до премиерот Риши Сунак кое го објави на Твитер.

Неговата оставка – прва во владата формирана пред две недели – доаѓа по серијата откритија во врска со навредливите и заканувачки пораки што наводно ги испратил министерот.

Тој испратил е-пошта на поранешната колешка и лидер на пратеничката група Венди Мортон навредувајќи ја бидејќи се пожалила дека не била поканета на погребот на кралицата Елизабета Втора, а други го обвинуваат за малтретирање додека бил во Министерството за одбрана и за „неморално“ однесување кога бил шеф на пратеничката група.

Прикажи повеќе