За исплатата на државната помош на граѓаните кои не успеаја да ја подигнат до петокот поради блокирани сметки или неажурирани податоци Владата смета на толеранцијата на банките. Приговорите на 78 илајди лица кои ги нема на списокот за оваа помош се обработени, податоците се ажурираат и ќе бидат објавени денеска на kupuvamdomasno.gov.mk, а граѓаните ќе добијат информација и на електронската адреса што ја оставиле.
Владиниот портпарот Душко Арсовски е категоричен дека помошта ќе стигне до сите за кои е наменета.
-Владата стори сè помошта да стигне до сите за кои е наменета. Очекуваме толеранција од банките. Целта е никој да не биде изоставен. Ова се пари за ранлива категорија граѓани кои треба даим помогнат да ја пребродат кризата и тоа во моментов е најважно, рече тој на вчерашната прес-конференција во Владата.
Арсовски открива дека дел од граѓаните на кои им следува државната помош од шест илјади денари живеат во странство. Вели дека заклучно со петокот, за најголем дел од случаите проблемот е решен, но има и такви за кои не може да се има решение, на пример луѓе кои добиле ваква помош, а живеат во странство, па невозможно е да ги ажурираат своите податоци.
-Многу мал дел од најчесто вакви случи не се затворени, затоа апелираме до банките ако има некој надвор од овие случаи, да има поголема толеранција за тоа да биде завршено до Нова година, рече Арсовски и нагласи дека тие се дел од малкуте граѓани кои не успеале да си ги подигнат парите од банките поради неажурирани податоци.
По цела недела чекање во огромни редици пред банките дел од граѓаните останаа со празни раце, поради тоа што докрајниот рок, 25 овој месец, не успејаа да дојдат на ред и да си ги ажурираат податоците за да им се префрлат парите. Во незавидна состојба останаа и дел од корисниците на оваа помош чии трансакциски сметки се блокирани. Тие мораа да отворат наменски сметки, но тоа не можеа да го сторат само во неколку банки, па останаа без парите. Во петокот се направи обид дистрибуцијата на овие средства да продолжи, но банките и Владата не постигнаа договор. Сè уште нема најава како ќе се реализира најавата на Владата дека никој нема да остане без оваа помош.
За помошта од 6.000 денари на околу 300 илајди граѓани треба да се потрошат 27,5 милиони евра.
(С.В.)