ЛА Лејкерс со 121:107 го совлада Сан Антонио спарс, а натпреварот ќе биде запишан во историјата поради две причини.

Првата е Леброн Џејмс кој на својот 36. роденден стана првиот играч во НБА која на 1.000 последователни натпревари постигна двоцифрен број на поени. Во победата над Сан Антонио учествуваше со 26 поени.

Втората причина е Беки Хемон, која стана првата жена што ја имала улогата на главен тренер на НБА екипа на натпревар од регуларниот дел од сезоната. Хемон ја презеде таа функција откако главниот тренер на Сан Антонио, Грег Попович беше исклучен во првото полувреме.

Најефикасниот натпревар го одиграа Бруклин и Атланта, а на крајот славеа Нетс со 145:141. Кајри Ирвинг кој имаше три лоши четвртини, во последната се разиогра и постигна дури 17 поени. Кевин Дурент беше најефикасен на натпреварот со 33 поени на кои им придодаде и 11 скокови. Кај Атланта, Тре Јанг и Џон Колинс постигнаа по 30 поени, но не можеа да го избегнат првиот пораз сезонава.

Вечер на кариерата имаше Џејлен Браун кој во победата на Бостон од 126:107 над Мемфис постигна 42 поени за само три четвртини.

Со враќањето на Каваи Ленард во тимот на ЛА Клиперс, се вратија и победите. Ленард со 28 поени беше најпрецизен во победата над Портланд.

Резултати:
Бостон – Мемфис 126:107
Бруклин – Атланта 145:141
Мајами – Милвоки 119:108
Далас – Шарлот 99:118
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 107:121
ЛА Клиперс – Портланд 128:105