Денеска околу 16.30 часот дошло до престрелка во сараевската населба Ступ, во која биле повредени две лица, меѓу кои и раперот Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели, пренесува Аваз.ба.
Наводно било пукано во роднината на Буба Корели, кој според непотврдени информации при престрелката исто така бил ранет.
Повредените веднаш биле хоспитализирани, а степенот на повредите засега не е познат.
Исто така, на местото на настанот било задржано едно лице, а засега не е познато дали се работи за сведок на настанот или за извршителот.
„По повод денешниот инцидент што се случи, дојде до спомнување на моето име. Јас, Амар Хоџиќ, се најдов во погрешно време на погрешно место и никако не сум поврзан со пукањето“, рекол Корели за Аваз.
Ова е видеото од престрелката.