Изгледа како да потрошила милиони, а речиси вложила само ситници…
Ако ви здосадил изгледот на кујната и со задоволство би ја промениле, но немате пари за да купите се ново, знајте дека постојат и други начини.
Кариса, со помош на сопругот со малку труд и многу љубов ја претвори својата стара кујна во нова и модерна со минимално инвестирање.
Тие купиле бела боја и ги офарбале старите кујнски елементи, со самолеплива фолија која наликува на плочки ги обложиле ѕидовите, а од старите даски направиле 2 нови полици. Подните плочки исто така ги офарбале и ги декорирале со црно-бело теписонче.
Тие внеле уште неколку ситни детали и добиле целосно нова, модерна кујна. Погледнете како и вие да го направите истото…