Со гордост денеска го одбележуваме пуштањето во употреба на експресниот пат Градско – Дреново, проект со огромно значење за нашите граѓани, вели Миле Талески пратеник на СДСМ.
Овој проект, како што наведе, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај.
„Владата на СДСМ обезбеди средства и го реализира проектот со над 92%. Ги заврши трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново, четирите вијадукти, сите мостови, надпатници и подпатници, како и 98% од поставениот асфалт. Актуелната власт само постави 50 метри асфалт и денеска го пушта во употреба. Да денеска ќе се китат со туѓи перја но важно е што граѓаните конечно добиваат целосно функционален експресен пат“.
Од неговата партија како што велат очекуваат наскоро да биде завршена и делницата од Дреново до Фариш, за која како што додаваат веќе над 80% е реализирана благодарение на „домаќинското и одговорно работење на Владата на СДСМ“.
„Беа пробиени и двата тунели на оваа делница и зошто власта сега доцни е прашање.
Реализацијата на овој проект е огромно економско значење за сите граѓани, особено за жителите на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Градско.
Пат кој значи подобрување на локалната економија но и безбедноста на граѓаните, затоа што станува збор за пат направен по европски стандарди.
СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура.
Целосно ја обновивме патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, а ја започнавме реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д, прв автопат во овој регион“.
Ова според него е доказ за нивната одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните и е потврда за придобивките на граѓаните од како што рече, вистинските и визионерски политики на СДСМ.
Текстот (Видео) Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92 проценти е реализиран од СДСМ и горди сме што е завршен е превземен од МАКФАКС.